Битолската гордост Пелистер загуби на денешното гостување во Гостивар против составот на Арсими и направи чекор назад во тешката битка за опстанок во лигата. Во еден динамичен натпревар, домаќините се снајдоа многу подобро и победија минимално со 1-0, а голот го постигна одбранбениот играч Дардишта во 44′ минута од првиот дел, иако гостите постојано притискаа во шеснаесетникот на противникот.
Пелистерци ја искомплицираа својата позиција во битката за опстанокот и остануваат на позицијата број девет на табелата која води кон баражот, и имаат само еден бод повеќе од Работнички, тим кој се наоѓа во зоната за испаѓање.
Дефинитивно избраниците на Марјан Секуловски имаат за што да жалат и пропуштената прилика да останат непоразени кај Арсими.

