Македонски фудбал Фудбал

Пелистер има тешка задача во Струмица против Брера

Битолскиот фудбалски мега-бренд минува низ стресен период од годината кога секој натпревар е со голем психолошки товар поради состојбата на табелата и борбата за опстанок.

„Зелено-белите“ успеаја да го совладаат директниот ривал Македонија ЃП и понесени од надежта за спас од опасната зона, отпатуваа за Струмица.

“Очекуваме тежок натпревар против АП Брера, екипа која игра дисциплинирано и знае да ги користи шансите. Ќе мора да бидеме максимално фокусирани и компактни во текот на целиот меч. Верувам дека со добар пристап можеме да оствариме позитивен резултат”,- изјави искусниот Кире Ристевски.

Оваа сезона Пелистер има остварено две победи над АП Брера, но и двата натпревари се играни минатата сезона. Во пресрет на ова трето соочување, шефот на стручниот штаб на Пелистер воопшто не се потпира на историјата.

Дуелот од 29. коло на двата тима од ПМФЛ ќе започне во 16 часот во Струмица, а во истиот термин ќе играат Вардар и Тиквеш.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести