Екипата на Пелистер дојде до победа против актуелниот шампион МЗТ Скопје, на гостински терен во „Јане Сандански“ со 74:85. Од овој пораз на МЗТ Скопје највеќе искористи ТФТ кој ќе остане лидер на табелата.
Домашната екипа го започна одлично натпреварот, водеше со 13:1, па и со 18:10, но битолчани успеаја да ја намалат негативата во првата четвртина на минус три, а до крајот на полувремето и целосно го свртеа резултатот во своја полза и на паузата заминаа со предност од 11 поени (35:46).
Во вториот дел, МЗТ успеа да се врати во натпреварот, па и да го преземе водството, но гостите уште еднаш со одлична серија дојдоа и до највисока предност од 23 поени, што на крајот беше и доволно за да ја обезбедат победата во Аеродром.
Кај победникот Бејси-Дејвис постигна 18 поени, а еден помалку забележа Митревски, додека ја домаќинот Смит стигна до 19 поени.

