Кошарка Македонска кошарка

Пелистер го совлада ТФТ!

Во заостанатиот меч од третото коло од групата на победници, Пелистер славеше убедлива победа против ТФТ со 105:69 и ја направи борбата за лидерската позиција понеизвеска.

Домашната екипа уште од самиот старт на натпреварот се наметна и доминираше на теренот. На полувремето веќе предноста беше скоро двојна (66:37), па иако уморниот ТФТ во третата четвртина заигра малку подобро, немаше сила за да се врати во натпреварот и на крајот доживеа убедлив пораз.

Дејвис и Вилсон кај битолчани постигнаа по 20 поени, додека кај ТФТ Стојаноски постигна 16 поени.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести