Ракометарите на Еурофарм Пелистер во новата сезоната ќе настапат во ново руво. Пред неколку часа, на клубските канали, битолските зелено-бели ги претставија новите дресови, кои ги сочинуваат нов и модерен дизајн, дрес кој ќе ги носи до нови победи и нови успеси.
Овој мал дел претставува дополнителна мотивација за момците на Лино Червар, за подобро претставување и на домашните натпревари, но и во европски рамки.

