Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Пекол во Филаделфија: Срушен мундијалскиот рекорд, вистинско чудо е што немаше колабирани на теренот

Франција и Парагвај одиграа исклучително тежок и неатрактивен натпревар во осминафиналето, со премногу прекини и без убави потези. Сепак, кога ќе се земат предвид тешките услови во кои се движеа фудбалерите во текот на сите 90 минути, вистинско чудо е како воопшто успеаја да останат на нозе. Во Филаделфија беше срушен температурниот рекорд на Светското првенство, претворајќи го стадионот во вистинска рерна.

Официјалните мерења за време на натпреварот покажаа 37 степени во сенка, со субјективно чувство од дури 39 степени. На самиот терен температурата надмина 40 степени, а некои фотографии на навивачите од трибините сведочеа за уште побрутални бројки. Дека екипите ги чека вистински пекол знаеше и ФИФА, која пред самиот почеток на средбата излезе со итно соопштение во кое предупреди на можен ризик од одложување на натпреварот поради екстремните временски услови.

До одложување сепак не дојде, па Французите беа поштедени од ново мачно искуство на овој турнир. „Триколорите“ веќе поминаа низ слична драма во групната фаза кога играа против Ирак во истиот овој град. Тој дуел беше прекинат на неверојатни два часа поради силното невреме и строгите безбедносни протоколи во САД, но овојпат фудбалерите мораа да го издржат топлотниот бран на теренот до самиот крај.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.