Македонски ракомет Ракомет

Пехар и славје во „Јане Сандански“, РК Вардар ја завери титулата!

Скопски Вардар уште еднаш докажа зошто е синоним за македонскиот ракомет, заокружувајќи ја сезоната со враќање на највредните домашни трофеи во своите витрини.

Овој триумфален финиш е само потврда за шампионскиот ген на „црвено-црните“, кои и во комбиниран состав покажаа карактер кога беше најпотребно.

Новиот македонски владетел ја запечати домашната доминација со победа над Бутел Скопје од 36-34 во натпревар каде што акцентот беше ставен на ефикасноста во нападот и заштитата од несакани повреди. Иако тимот на Иван Чупиќ играше без левиот бек Дмитро Хориха кој веќе замина за Саудиска Арабија, успеа да ја осигура рекордната 16. шампионска титула со која Вардар останува недопирлив на вечната листа. Бутел пружи силен отпор и водеше на полувремето со 20-17, но квалитетот на фаворитот дојде до израз во финишот преку расположените Урош Митровиќ и Харуки Кавада кои постигнаа по шест гола.

Овој дуел воедно означи и крај на една ера за гостинскиот тим, бидејќи беше последен за тренерот Горан Кузманоски пред кормилото на Бутел да го преземе легендарниот Столе Стоилов.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.