Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Паузите за вода на Мундијалот му носат на Дејвид Бекам неверојатни 25 милиони долари

Воведувањето задолжителни паузи за освежување на Светското првенство во Северна Америка предизвика лавина од сериозни критики во јавноста. Многумина сметаат дека ФИФА не ги штити играчите од горештините, туку бара дополнителен простор за заработка од реклами.

Во центарот на овој нов комерцијален бизнис се најде легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам. Според спортските експерти, сопственикот на Интер Мајами ќе заработи дури 25 милиони долари за време на овие кратки прекини.

Овој податок го објави Патрик Рише, професор по спортски бизнис на Универзитетот во Вашингтон, а го пренесе „Дејли Мејл“. Бекам со години привлекува моќни глобални брендови поради неговиот препознатлив стил, машки изглед и огромна светска популарност.

Неговиот личен бренд е веднаш препознатлив и гарантира профит за сите спонзори кои се рекламираат на Мундијалот. Паузите за хидратација се голема новост на светските шампионати, но некои ликови знаат супериорно да ги наплатат.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.