Меѓународен фудбал Фудбал

Патрик Виера го презеде Сенегал и тргнува во нова авантура (ФОТО)

Поранешниот капитен на Арсенал и француската репрезентација, Патрик Виера, е нов селектор на Сенегал. 50-годишниот стратег доаѓа на местото на Папе Тиав, кој беше отпуштен по елиминацијата на Светското првенство во 2026 година. Виера е роден во Дакар, но како осумгодишен се преселил во Франција. За „триколорите“ одигра повеќе од 100 натпревари, а беше дел од генерацијата која го освои Светското првенство во 1998 и Европското првенство во 2000 година.

Како фудбалер, со Арсенал освои три титули во Премиер лигата, а настапуваше и за Милан, Интер и Манчестер Сити. Последен тренерски ангажман му беше Џенова, со која се раздели во ноември минатата година. Дебито на клупата на Сенегал ќе го има следниот месец во квалификациите за Африканскиот куп на нации 2027.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.