Чешкиот напаѓач Патрик Шик стави крај на својата репрезентативна кариера, по елиминацијата на Чешка од Светското првенство. 30-годишниот голгетер ја завршува својата приказна во националниот тим со одличен учинок, 26 постигнати голови на 56 одиграни натпревари во дресот на Чешка.
Во својата проштална порака објавена на социјалните мрежи, Шик истакна дека одлуката не е донесена набрзина, туку е резултат на подолг период размислување. Тој призна дека идејата за повлекување ја носел во себе веќе подолго време, пред конечно да ја донесе конечната одлука. Напаѓачот изрази гордост за сè што постигнал со репрезентацијата, но воедно нагласи дека чешкиот фудбал има потенцијал да понуди многу повеќе од досегашните резултати на теренот.
Шик ќе остане запаметен и по својата блескава форма на Европското првенство во 2021 година, кога заврши како заеднички најдобар стрелец со Кристијано Роналдо со пет гола, како и по неговиот спектакуларен погодок против Шкотска, кој беше избран за најубав гол на турнирот.

