Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

ПАТ ОД СОНИШТАТА: Победа против КуПС на Вардар му носи европска есен на дофат!

Македонскиот фудбалски шампион Вардар го дозна потенцијалниот противник за второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, откако денешната ждрепка во Нион ги вкрсти патиштата на „црвено-црните“ со победникот од дуелот меѓу Сабах (Азербејџан) и ТНС (Велс).

Се разбира, за да дојде до оваа пресметка, најпрво избраниците на Вардар ќе мора успешно да ја прескокнат првата пречка,  финскиот првак КуПС, против кого првиот меч го играат во Скопје, а реваншот на гостински терен.

Доколку скопските „црвено-црни“ ги елиминираат Финците, во втората рунда ќе го имаат статусот на носители, што теоретски им носи нешто полесен противник. Оваа фаза е всушност клучната битка за обезбедување долга европска сезона.

Пласманот во третото квалификациско коло од ЛШ автоматски гарантира најмалку место во групната фаза од Конференциската лига на УЕФА, како и сигурен плеј-оф во Лигата на Европа.

Натпреварите од втората рунда се закажани за 21/22 јули, додека патниците во следната фаза ќе бидат познати по реваншите на 28/29 јули. Вардар има огромна шанса со само два успешни двомеча да си осигура европско лето и есен за паметење.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.