Кошарка Меѓународна кошарка

Партизан возврати, го победија Дубаи и намалија на 2-1!

Кошаркарите на Партизан успеаја да ја намалат негативата во финалната серија од АБА лигата на 2:1 во победи, откако пред домашните навивачи во „Белградска арена“ одиграа моќен меч и славеа над дебитантот Дубаи.

Клучниот чекор кон триумфот белграѓани го направија уште во првиот период кога со фуриозна серија од 13:0 стигнаа до двоцифрена предност, која благодарение на агресивната одбрана и контролата во скокот ја одржуваа до самиот крај. Нападот доби одличен ритам под диригентската палка на Ник Калатес, додека Карлик Џонс и Бруно Фернандо со континуирани поени го кршеа отпорот на гостите.

Дубаи во неколку наврати се закани и се обиде да фати приклучок преку Мфионду Кабенгеле и Џанан Муса, но сепак Партизан со студена глава ги одби сите налети во третата четвртина. Во финишот, Џонс ја презеде одговорноста и рутински го запечати натпреварот.

Токму Карлик Џонс беше прво име во таборот на Жељко Обрадовиќ со 15 поени и 7 асистенции, со солидна поддршка од двоцифрените Џекери, Вашингтон и Бонга. Кај поразениот состав на Дубаи, најефикасни беа Кабенгеле и Давис Бертанс со по 17 постигнати поени.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.