Кошарка Меѓународна кошарка

Партизан славеше во вечното дерби против Црвена Звезда, Карлик Џонс броеше до 26!

Кошаркарите на Партизан со одлична игра во второто полувреме, пред преполната Арена, успеаја да слават победа во вечното дерби против Црвена Звезда, во 35 коло од Евролига, со конечен резултат 89-82. Црно белите, предводени од Карлик Џонс, кој постигна 26 поени, одиграа одличен натпревар и со оваа победа успеаја да ги поматат сметките на својот најголем ривал.

Овој меч резултатски имаше многу поголемо значење за екипата на Црвена Звезда, која се бори за плеј-оф и плеј-ин, додека екипата на Партизан нема шанси за таков успех. Покрај Карлик Џонс, во екипата на Партизан одличен беше и Стерлинг Браун со 22 поени, додека во спротивниот табор, во екипата на Црвена Звезда, најпрецизен беше Милер Мекинтаер со 24 поени.

Со оваа победа Партизан ја потврди одличната форма во која се наоѓа, но останува без шанси за плеј-ин, додека Црвена Звезда со овој пораз, е на 9 позиција на табелата и се уште е во игра за плеј-ин и плеј-оф.
Во останатите натпревари, Хапоел Тел Авив славеше над Панатинаикос, а екипата на Барселона загуби на гостувањето кај Жалгирис.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести