Кошарка Меѓународна кошарка

Партизан од -13 до победа, голема драма и триумф против Баерн!

Партизан продолжи со совршениот старт во Евролигата, откако во драматичен натпревар на гостински терен го совлада Баерн Минхен со 86-84. Црно-белите имаа минимална предност по првото полувреме, но во третата четвртина целосно го загубија ритамот и дозволија Баерн да се одвои на 13 поени (65-52). Сепак, гостите не се откажаа и во завршницата направија голем пресврт, предводени од Карлик Џонс.

Партизан со серија 9-0 стигна до 81-81, а во драматичниот финиш Вилдоза украде важна топка, по што Џонс погоди едно слободно фрлање за 86-84. Баерн имаше последен напад за победа, но Двејн Вашингтон не погоди за три поени и славјето им припадна на гостите.

Џекери беше најефикасен кај Партизан со 17 поени и пет скока, додека Карлик Џонс заврши со 16 поени и пет асистенции. Вашингтон постигна 20 поени за Баерн. Со овој триумф, Партизан по три кола има три победи во Евролигата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.