Ракометниот клуб Партизан официјално го потврди ангажманот на српскиот репрезентативен голман Лука Кривокапиќ, кој стави потпис на двогодишен договор со белградскиот тим предводен од Раул Гонзалес.
24-годишниот чувар на мрежата пристигнува од шпанскиот Гранољерс, каде што зад себе остави одлична сезона во АСОБАЛ лигата. Тој е уште едно во низата звучни летни засилувања за Хумска, покрај Абутовиќ, Кулеш, Вагнер и Лумбросо.
Партизан новата европска сезона ја отвора овој четврток на домашен терен против германскиот гигант Фуксе Берлин во рамките од групата А.

