Кошарка Меѓународна кошарка

Париз ја пропушти првата меч-топка, Монако избори решавачки дуел!

Кошаркарите на Монако останаа во игра за шампионската титула откако убедливо го совладаа Париз со 96-84 и ја израмнија финалната серија на 2-2. Домаќините одиграа одличен натпревар и уште во првото полувреме создадоа висока предност која гостите не успеаја да ја загрозат. Во еден момент разликата достигна и 30 поени, што практично го реши победникот многу пред крајот.

Најзаслужен за триумфот беше Стразел со 20 поени и девет асистенции, додека Блосомгејм додаде 16 поени. На спротивната страна, Хифи беше прво име кај Париз со 20 поени. Така, шампионската титула во Франција ќе биде решена во петтиот и последен натпревар, кој на програмата е за два дена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.