Меѓународен фудбал Фудбал

Парис Брунер остро казнет за непромислената прослава против Стразбур

Офанзивецот на Монако, Парис Брунер, заработи суспензија од два натпревари (со плус два условно) од страна на Дисциплинската комисија, поради непромислената и скандалозна прослава на гол за време на првенствениот дуел против Стразбур.

Инцидентот се случи откако 20-годишниот германски напаѓач го постигна израмнувачкиот погодок за конечни 1-1. Во занес на емоциите, Брунер истрча директно кон трибината со противничките навивачи и направи провокативен гест симулирајќи „сечење грло“.

По натпреварот, младата ѕвезда се извини за непримерното однесување, појаснувајќи дека реагирал во афект поради постојаните навреди упатени кон него и неговото семејство од трибините, но Дисциплинската комисија немаше милост за ваквиот потег.

Поради казната, Монако ќе мора да настапи без својот разигран напаѓач на претстојните пресметки против Тулуз и Лориен. Ова е сериозен хендикеп за лидерот на табелата, бидејќи Брунер ја отвори сезоната во фантастична форма постигнувајќи четири гола на првите пет натпревари.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.