Меѓународен фудбал Фудбал

Папе Матар Сар е ново засилување за Јувентус, претставен и Волтемаде

Јувентус реагираше експресно на трансфер-пазарот и во последниот ден го обезбеди потписот на сенегалскиот фудбалер од средниот ред, Папе Матар Сар, откако пропаднаа преговорите со Франк Кесие кој одлучи да се врати во Аталанта.

Торинскиот гигант му исплати на Тотенхем 2,5 милиони евра за едногодишна позајмица, а во договорот е содржана и клаузула за откуп. Доколку Јувентус избори пласман во Лигата на шампионите и Сар одигра повеќе од 50 проценти од натпреварите во Серија А, откупот станува задолжителен и ќе изнесува дополнителни 27,5 милиони евра.

Овој трансфер е дел од сериозната реконструкција во Торино по разочарувачката мината сезона во која екипата заврши на шестото место. Јувентус летово ангажираше дури девет нови фудбалери и инвестираше над 100 милиони евра, а сигурно засилување во нападот е и германскиот интернационалец Ник Волтемаде, кој пристигнува на позајмица од Њукасл.

Сар пристигна во Тотенхем пред пет години од редовите на Мец, но по доаѓањето на Сандро Тонали и Матеус Фернандез ја загуби првотимската улога кај Роберто де Зерби. Во тимот на Јувентус тој ќе го пополни местото во средниот ред по заминувањето на Фабио Мирети на позајмица во Бешикташ.

Дополнително Јувентус го претстави и Ник Волтемаде како засилување во нападот. И тој, како и Сар, доаѓа на позајмица од Англија, но од редовите на Њукасл Јунајтед.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.