Меѓународен фудбал Фудбал

Паоло Малдини доби нова функција во италијанската репрезентација

Легендата на италијанскиот фудбал Паоло Малдини и официјално е именуван за нов технички директор на националната селекција на Италија, потврди Италијанската фудбалска федерација. Во извршувањето на новите обврски ќе има блиска соработка со Леонардо, кој ќе биде негов советник. Една од нивните први и најважни задачи ќе биде изборот на нов селектор што ќе ја предводи „аѕурите“ во обид да се вратат на победничките патеки. Италија, која четири пати ја освојуваше светската титула, не успеа да обезбеди настап на последните три Мундијали, што ја наметна потребата од сериозни промени во репрезентацијата.

Како еден од главните кандидати за селекторската позиција се споменува Антонио Конте, кој неодамна ја заврши својата работа во Наполи. Сепак, во федерацијата разгледуваат и можност да ангажираат странски тренер, доколку проценат дека тоа е најдоброто решение за прекин на долгата резултатска криза.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.