Меѓународен фудбал Фудбал

ПАОК се спасуваше против Бран, Митјиланд и одржа лекција на Ријека

Во квалификациите за Конференциската лига, ПАОК едвај извлече реми од 1-1 против норвешки Бран на стадионот „Тумба“ во Солун. Гостите го шокираа домашниот тим во 57-тата минута со погодокот на Кристијан Ериксен, а грчкиот состав се спаси од пораз во 80-тата минута благодарение на поранешниот дефанзивец на Челси, Баба Рахман. Со овој резултат, ПАОК го чека извонредно тешка задача на реваншот во Норвешка.

Хрватска Ријека не помина добро на гостувањето во Данска, каде што претрпе пораз од Митјиланд со 2-0. Домаќините доминираа во текот на целиот меч и можеа да слават уште поубедливо. Гуе-Сунг Чо го отвори резултатот во 20-тата минута, додека Софус Јохансен во 48-мата минута ја потврди победата. Ријека речиси и да не се закани на овој дуел, па пред својата публика ќе мора да прикаже многу подобра игра за да го спречи раното испаѓање од Европа.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.