Кошаркарите на ТФТ со пораз ги започнаа подготовките за новата сезона. Во првата контролна средба, македонскиот тим во Солун загуби од ПАОК со 94-69. Грчкиот состав, кој во новата сезона ќе настапува во Еврокупот и има амбиции за пласман во Евролигата, уште од стартот наметна силно темпо. ПАОК по првата четвртина имаше пет поени предност (27-22), а до полувремето ја зголеми разликата на 12 поени (50-38).
Во второто полувреме домаќинот продолжи да ја контролира играта. По 30 минути беше 71-53, а во последната четвртина ПАОК рутински ја задржа предноста и стигна до конечни 94-69. Најефикасни во составот на ТФТ беа Сила, Цветковски и Харис со по 15, односно 14 поени. Стојановски и Николов постигнаа по осум, Вајт додаде шест, а Зафиров натпреварот го заврши со три поени.
За ТФТ ова беше прва сериозна проверка во подготовките и можност тренерскиот штаб да добие увид во моменталната форма на тимот, но и да продолжи со воигрувањето пред стартот на официјалните натпревари.

