Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

Пандев се враќа на „Бернабеу“ на хуманитарен спектакл меѓу легендите на Интер и Реал

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев утре повторно ќе истрча на култниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид, како дел од големиот хуманитарен натпревар „Корасон Класик Меч“ помеѓу легендите на Реал Мадрид и Интер. Овој традиционален спектакл секоја година привлекува огромно внимание кај љубителите на фудбалот, а овојпат публиката ќе има прилика повторно да ужива во мајсториите на некои од најзвучните имиња во поновата фудбалска историја.

За Пандев ова ќе биде емотивно враќање на местото каде што во 2010 година со Интер ја освои историската тројна круна под водство на Жозе Мурињо, победувајќи го Баерн Минхен токму на стадионот на Реал. Покрај македонскиот напаѓач, во составот на „нероазурите“ ќе настапат и голем дел од неговите тогашни соиграчи како Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Маикон и Лусио, а тука се и Џампаоло Пацини, Родриго Паласио, Давид Суазо и Антонио Кандрева.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.