Кошарка Меѓународна кошарка

Панатинаикос создава конкурентен и моќен тим!

Панатинаикос ја заврши една од најважните задачи во летниот преоден рок, откако постигна договор со Хуанчо Ернангомез за продолжување на соработката. Шпанскиот репрезентативец потпиша нов четиригодишен договор и ќе остане во атинскиот клуб до 2029 година. Во изминатиот период се појавија шпекулации дека искусниот крилен центар би можел да ја промени средината, но сопственикот на клубот Димитрис Јанакопулос јавно порача дека Ернангомез е еден од столбовите на тимот. Наскоро потоа, Панатинаикос и официјално ја потврди новата соработка.

Шпанецот пристигна во Атина во 2023 година и веднаш остави силен впечаток, освојувајќи ја Евролигата и шампионската титула во Грција. Минатата сезона беше избран во идеалната петорка на грчкото првенство, како и во втората најдобра петорка на Евролигата.

Со новиот договор, Панатинаикос дополнително го зацврсти ростерот, во кој ова лето веќе пристигнаа неколку звучни засилувања, а амбициите на клубот остануваат насочени кон освојување на сите трофеи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.