Кошарка Меѓународна кошарка

Панатинаикос продолжи со максимален ефект, Макаби без шанси во Атина

Панатинаикос продолжува со максимален ефект во новата сезона од Евролигата, откако пред своите навивачи убедливо го совлада Макаби Тел Авив со 90-67. Домашниот тим уште од самиот почеток го презеде контролата и по 6-6 направи серија од 8-0, со која најави дека нема да дозволи неизвесен натпревар. Цврстата одбрана на Панатинаикос го ограничи Макаби на само десет поени во првата четвртина, а на полувреме разликата веќе беше 43-24.

Во продолжението немаше промена на односите на теренот. Тимот на Жељко Обрадовиќ продолжи да го диктира ритамот, а во последната четвртина стигна и до највисоките плус 30 (84-54). Најдобар стрелец кај победникот беше Гершон Јабуселе со 17 поени, додека Најџел Хејс-Дејвис при враќањето на теренот постигна 13. Силвен Франциско и Лефтерис Манцукас додадоа по 11, а Исак Бонга заврши со 10 поени.

Кај Макаби, Роман Соркин беше најефикасен со 13 поени и единствен со двоцифрен учинок. Панатинаикос по три одиграни кола има три победи, додека Макаби останува без триумф.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.