Панатинаикос доби непријатни вести пред почетокот на новата сезона, откако една од најважните алки во тимот, Кендрик Нан, се здоби со повреда на коленото. Американскиот кошаркар мораше да го прекине индивидуалниот тренажен процес и да замине на дополнителни медицински прегледи.
Прегледите покажале дека Нан има целосно скинат внатрешен менискус на десното колено. Повредата се случила за време на неговите индивидуални тренинзи во САД, каде што се подготвуваше за новите предизвици со грчкиот гигант. Нан веднаш бил подложен на артроскопска интервенција, која минала успешно. При операцијата му бил отстранет оштетениот дел од менискусот, по што започнува процесот на рехабилитација.
Според првичните проценки, кошаркарот би требало да биде надвор од терените меѓу шест и осум недели. Сепак, од Панатинаикос засега немаат соопштено точен датум за неговото враќање, а многу ќе зависи од текот на рехабилитацијата. Отсуството на Нан ќе биде сериозен хендикеп за Панатинаикос, со оглед на неговата важност во тимот и улогата што ја има во офанзивата.
GET WELL SOON, KENDRICK 💚
Ο Κέντρικ Ναν υπέστη ρήξη έσω μηνίσκου στο δεξί γόνατο κατά τη διάρκεια των ατομικών προπονήσεών του στις ΗΠΑ και άμεσα, την Τετάρτη (19/8) υποβλήθηκε σε επιτυχημένη επέμβαση αρθροσκοπικής μερικής μηνισκεκτομής.
Ευχόμαστε στον αθλητή μας ταχεία… pic.twitter.com/kV67aM2tfK
— Panathinaikos BC (@Paobcgr) August 19, 2026

