Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Панама против Гана „бркаат” први бодови на Мундијалот!

Осум години по своето дебитантско појавување во Русија, репрезентацијата на Панама се враќа на Светското првенство со јасна мисија, да го поправи лошиот впечаток од 2018 година, кога го заврши настапот без ниту еден освоен бод. Панамците обезбедија мундијалски билет по тешките КОНКАКАФ квалификации, доминирајќи во својата група пред Суринам, Гватемала и Ел Салвадор, а сега во групната фаза ги чекаат дуели со Англија, Хрватска и Гана.

Дански стратег со рекорден стаж

Клучот за успехот на Панама лежи во тактичката дисциплина на селекторот Томас Кристијансен. Данецот, кој го предводи тимот уште од 2020 година, стана тренер со најдолг стаж во историјата на оваа селекција. Кристијансен веќе зад себе има одлични резултати, како финалето на Голд купот во 2023 година и четвртфиналето на Копа Америка во 2024 година, а неговиот заштитен знак е цврстата одбрана и убиствената брза транзиција.

Караскилја е моторот на тимот

Главна алка на теренот и најголема ѕвезда во тимот е играчот од средниот ред на мексикански Пумас, Адалберто Караскилја. Како вистински лидер кој дебитираше токму во 2018 година, тој ги поврзува линиите на Панама. Неговата агресивност, одличниот преглед на играта и постојаното движење без топка го прават Караскилја моторот од кој ќе зависат сите амбиции на оваа централноамериканска селекција.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.