Други спортови Останато

Падна рекорд стар 122 години: Тинејџерот Пол Сексас е новото чудо на Тур де Франс!

Младиот француски велосипедист Пол Сексас го заврши своето деби на Тур де Франс на високото четврто место. Со само 19 години, тој стана најмладиот возач меѓу петте најдобри по цели 122 години.

Претходниот ваков рекорд датираше уште од далечната 1904 година и му припаѓаше на Анри Корне. Сексас уште на стартот во Барселона стана и најмладиот дебитант на најпрестижната трка уште од 1937 година.

Пред младиот Французин завршија само шампионот Тадеј Погачар, Ремко Евенпул и Исак дел Торо. Иако за малку му побегна подиумот, тој покажа извонредна тактичка зрелост за своите години.

Франција го чека својот следен шампион уште од 1985 година и успехот на Бернар Ино. Младиот предводник на тимот Декатлон истакна дека големата разлика зад Погачар не го демотивира, туку му дава уште поголем мотив за во иднина.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.