Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Падна историски рекорд: Ова веќе е најгледаното Светско првенство во историјата на фудбалот!

Светското првенство во 2026 година од самиот почеток го следат разни нелогичности, преседани, па и контроверзи, но во една позитивна работа веќе ги надмина сите претходни 22 мундијали, иако сè уште не е ниту комплетирана првата фаза од натпреварувањето. Според официјалните податоци на ФИФА, шампионатот во САД, Канада и Мексико ја проби границата на вкупна посетеност на натпреварите, а новата рекордна бројка во овој момент изнесува нестварни 3.605.357 гледачи.

За време на синоќешниот натпревар меѓу Германија и Еквадор во Њу Џерси, на екраните на стадионот беше објавена оваа магична бројка, со славеничка констатација на ФИФА дека е забележана и нова највисока дневна посетеност на стадионите со 384.206 навивачи. Воедно, објавен е и податокот дека капацитетот на седиштата во просек бил искористен дури 99%, што е фасцинантен резултат ако се земе предвид дека Американците, како главни организатори, традиционално не се толку луди по европската верзија на фудбалот.

Интересно е што претходниот рекорд исто така беше поставен на тлото на САД, со тоа што во далечната 1994 година имаше само една земја домаќин, кога на трибините мечевите ги испратија речиси 3.600.000 луѓе. Таа бројка сега е веќе минато, а рекордот дополнително драматично ќе порасне до крајот на турнирот, бидејќи допрва преостануваат уште 48 натпревари на ова досега најмасовно Светско првенство со вкупно 48 репрезентации учеснички.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.