По драматичното финале на Светското првенство 2026 година, Лионел Меси ја донесе очекуваната одлука да стави крај на својата кариера во националниот тим. Сепак, аргентинската фудбалска нација одби да дозволи еден од најголемите на сите времиња да си замине без спектакуларен и достоинствен проштален танц пред сопствената публика.
Селекторот Лионел Скалони испрати повик до легендарниот капитен за претстојниот репрезентативен прозорец, со единствена цел, Меси уште еднаш, за последен пат, да ги предводи „гаучосите“. Неговиот 208-ми и завршен натпревар во кариерата за Аргентина е закажан за 6 октомври против селекцијата на Бенин, а како сцена за овој емотивен спектакл е избран легендарниот стадион „Монументал“ во Буенос Ајрес.
За овој историски момент е дизајниран и посебен, уникатен дрес во кој Меси ќе истрча на теренот. Со тоа и официјално се става печат на една неверојатна ера, во која најголемиот аргентински мајстор го остава зад себе рекордот како најдобар стрелец и асистент во историјата на националниот тим со монументални 125 погодоци и 68 асистенции.
🚨 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋: Lionel Messi will wear a special shirt in his last match for Argentina 🇦🇷🥹 pic.twitter.com/lVDVKbS5v6
— 433 (@433) September 21, 2026

