Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Отварање на Мундијалот: Сè е подготвено за спектаклот во Мексико Сити!

На помалку од еден час до официјалниот старт на Светското првенство, сè е подготвено за невиден музичко-сценски спектакл на стадионот „Ацтека“ во Мексико Сити. Пред на теренот да истрчаат репрезентациите на Мексико и Јужна Африка, присутните на стадионот и милионите пред малите екрани ќе уживаат во богата програма која започнува деведесет минути пред натпреварот. Централниот дел од церемонијата е резервиран за премиерната изведба на официјалната мундијалска химна „Dai Dai“, која заедно ќе ја отпеат Шакира и Бурна Бој, а покрај нив ќе настапат и голем број латино и светски ѕвезди како Џеј Балвин, Тајла, Белинда и рок-групата Мана.

Оваа официјална песна е дел од поширока хуманитарна иницијатива на ФИФА за образование, чија цел е за време на првенството да се соберат 100 милиони долари за подобрување на училишните и спортските услови на децата ширум светот. Веднаш по вечерашното отворање во Мексико, мундијалската треска утре се сели и кај преостанатите два домаќини. Во Торонто, пред дуелот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, забавата ќе ја предводат Аланис Морисет и Мајкл Бубле, додека во Лос Анџелес атмосферата пред мечот САД – Парагвај ќе ја запалат Кети Пери, Фјучер, Анита и Лиса.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.