Пријателскиот натпревар меѓу Барселона и Итихад Ријади во Танжер е официјално откажан поради тензиите и дипломатската криза меѓу Шпанија и Мароко, предизвикани од мигрантската ситуација во шпанската енклава Сеута. Управата на каталонскиот клуб донесе одлука да не патува во Северна Африка, истакнувајќи дека во моментот одржувањето на овој дуел е несоодветно.
Тензиите во регионот ескалираа откако шпанските власти вратија околу 70.000 лица во Мароко, додека речиси 80 луѓе го загубија животот обидувајќи се да стигнат до шпанско тло — меѓу кои и младиот марокански фудбалер Фатен Бен Амар Ел Азизи.
По откажувањето на овој меч, избраниците на Ханси Флик ги продолжуваат подготовките во Италија, каде што викендов ќе ги одмерат силите против Нотингем Форест и Удинезе. На 19 август Барселона ќе биде домаќин на египетскиот гигант Ал Ахли, додека загревањето пред новата сезона завршува со првото коло во Ла Лига против Елче на 23 август.
Official announcement ❗
Club rules out possibility of a friendly in Tangier ▶️https://t.co/mrfpvYFMH8
— FC Barcelona (@FCBarcelona) August 6, 2026

