Меѓународен фудбал Фудбал

Отаменди го исполни детскиот сон, потпиша за Ривер Плата!

Искусниот аргентински дефанзивец Николас Отаменди официјално го комплетираше трансферот во редовите на неговиот омилен клуб Ривер Плата. Светскиот шампион потпиша договор на 18 месеци и реши по цели 16 години конечно да го напушти европскиот фудбал.

Отаменди никогаш не ја криеше огромната љубов кон овој гигант, па дури го има тетовирано и клупскиот грб на своето тело. За време на богатиот престој на Стариот континент, тој освои дури 21 трофеј, од кои девет со англискиот Манчестер Сити.

Во новата средина него го чекаат четири соборци од Катар, односно Франко Армани, Гонзало Монтиел, Маркос Акуња и Херман Пецелја. Тренерот Едуардо Кудет добива огромно засилување во обидот да ја освои Клаусура и да стигне до пехарот во Копа Судамерикана.

Популарниот „Генерал“ одби примамливи понуди за да ја избере чистата фудбалска романтика. Тој доаѓа да ја консолидира одбраната на „милионерите“ и со срце да заигра во црвено-белиот дрес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.