Кошарка Меѓународна кошарка

Остин Ривс останува во Лејкерс!

Навивачите на Лос Анџелес Лејкерс конечно можат да здивнат бидејќи Остин Ривс донел дефинитивна одлука да остане во Градот на ангелите, пренесува угледниот НБА инсајдер Марк Стајн. Пресуден фактор за ваквиот потег е одличната хемија што бекот ја изгради со Лука Дончиќ, со кого се проектирани како клучни столбови на франшизата во ерата по повлекувањето на Леброн Џејмс.

Како што се очекуваше, Ривс ќе ја одбие играчката опција од 14,9 милиони долари за следната сезона за да отвори простор за преговори за нов, долгорочен и многу побогат договор со „езерџиите“. Со ова пропаднаа плановите на Бруклин Нетс, кои беа подготвени да го привлечат Американецот со четиригодишен максимален договор вреден вртоглави 178 милиони долари.

Иако минатата сезона поради повреда на листот одигра само 51 натпревар, Ривс кога беше здрав демонстрираше брутална форма. Тој ја заврши натпреварувачката година со рекорден кариерен просек од 23,3 поени, 5,5 асистенции и 4,7 скокови по натпревар, со што јасно потврди дека е незаменлив дел од иднината на Лејкерс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.