Напаѓачот на Галатасарај, Виктор Осимен, предизвика вистински инцидент на пријателскиот натпревар против Виљареал во Истанбул, кога по еден дуел влезе во жестока конфронтација со Сантијаго Мурињо. Нигерискиот фудбалер целосно го загуби нервите пред крајот на првото полувреме и тргна физички да се пресмета со дефанзивецот на шпанскиот тим, но благодарение на брзата и одлучна реакција на неговите соиграчи беше спречен поголем скандал на теренот.
Galatasaray-Villarreal maçında saha karıştı.
Osimhen çok sinirlendi.
Takım arkadaşları Osimhen’i zor tuttu. pic.twitter.com/aJ49BKGt2c
— Krampon Sports (@KramponSport) August 8, 2026
Инаку, Виљареал славеше на „Рамс Парк“ со 2:1. Гостите поведоа уште во 3. минута со голот на Ајозе Перез од пенал, а само две минути подоцна токму Осимен донесе израмнување за турскиот гигант. Победата за шпанскиот клуб ја обезбеди Жорж Микаутаџе во продолжението од мечот.

