Меѓународен фудбал Фудбал

Осимен неочекувано се појави на радарот на Арсенал!

Арсенал би можел да направи голем потег на трансфер пазарот, откако во преговорите со Галатасарај неочекувано се појавило и името на Виктор Осимен, пренесува „The Telegraph“. Галатасарај испратил понуда од 38,4 милиони фунти за Габриел Мартинели, а турскиот клуб покажува интерес и за младиот Итaн Нуанери, кој вториот дел од минатата сезона го помина на позајмица во Марсеј.

Токму во разговорите околу овие двајца фудбалери била отворена и можноста Осимен да пристигне на „Емирејтс“. Нигерискиот напаѓач одамна е на радарот на Арсенал, кој досега како приоритет за засилување во нападот го имал Хулијан Алварез. Сепак, високото обесштетување од над 100 милиони фунти кое го бара Атлетико Мадрид за Аргентинецот може да ги натера „топчиите“ да се насочат кон Осимен. За услугите на нигерискиот голгетер интерес има и градскиот ривал Тотенхем.

Покрај напаѓачките засилувања, Арсенал работи и на ангажман на Езри Конса од Астон Вила. Клубот од Бирмингем за својот дефанзивец бара околу 60 милиони фунти, а досега не бил подготвен да започне официјални преговори за пониска сума. Конса има желба да се пресели на „Емирејтс“, но не сака да форсира трансфер, па за реализација на зделката ќе биде потребен договор меѓу двата клуба.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.