Кошарка Меѓународна кошарка

Орландо и Феникс во Плеј-оф, заврши сезоната за Голден Стејт и Шарлот

Вечерва се одиграа последните натпревари во Плеј-ин фазата и ги добивме и последните патници во Плеј-офот, кои ќе имаат шанса да се борат за шампионскиот прстен.

Орландо беше убедлив и рутински стигна до висока победа над Шарлот со 121:90 и со тоа избори пласман во следната фаза, каде за противник ќе го има Детроит Пистонс, кој во регуларниот дел заврши на првата позиција. Кај домашниот тим најпрецизен беше Банчеро со 25 поени, а кај гостите Ламело Бол постигна 23 поени.

Феникс Санс ја елиминираше екипата на Голден Стејт, совладувајќи ја 111:96. Во следната фаза тие за противник ќе го имаат актуелниот шампион на НБА, Оклахома Сити. Џејлен Грин беше незапирлив во редовите на Феникс со 36 поени, а кај Голден Стејт Подземски постигна 23 поени.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести