Луѓето во Битола, но и самата битолска јавност покажува колку значи секој нареден натпревар за фудбалерите на Пелистер, поготово, имајќи предвид дека остана уште еден – баражот. Натпревар кој значи сè или ништо за битолската гордост. Навивачите се во полна мобилизација, потпомогнати од локалната кавадаречка публика. Иако пелистерци ја започнаа добро сезоната, сепак во вториот дел имаа низа на лоши резултати кои го донесоа клубот на работ на втората лига.
А сега… кога е најтешко, битолчани, но и првите луѓе на градот се обидуваат да ги мотивираат играчите пред мечот издание против Шкендија Арачиново во Кавадарци кој се игра в недела во 16:30 часот. По тој повод градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и неговите соработници ги собраа фудбалерите на брифинг.
„Поддршка за нашите Пелистерци дадовме денеска со претседателот на Советот Бојкоски и секретарот на општината Димитровски на два дена кога ФК „Пелистер“ го игра најважниот натпревар оваа сезона, а тоа е бараж натпреварот за опстанок во ПМФЛ против екипата на Шкендија Арачиново во Кавадарци. Ги повикуваме навивачите, спортските работници, љубителите на фудбалот сите заедно да ги бордиме нашите фудбалери на како што реков, најважниот натпревар за оваа сезона. Не беше совршена сезона, имаше и падови, но тие, а и ние никогаш не се откажавме, затоа в недела да бидеме едно, заедно да победиме. Само еден тим, само еден град, само Пелистер, само Битола…” изјави градоначалникот Тони Коњановски




