Македонски фудбал Фудбал

Омерагиќ открива: Шкендија одби 700.000 евра помош од ФФМ!

Додека Градскиот стадион во Тетово се реновира, а Шкендија сè уште нема официјално пријавено каде ќе ги игра домашните натпревари за новата сезона, од Куќата на фудбалот пристигнаа шокантни информации.

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, на денешниот медиумски брифинг откри дека тетовскиот клуб експресно одбил сериозна финансиска инјекција наменета за модернизација на нивниот дом.

„Шкендија нема пријавено алтернативен стадион, иако нивниот моментално се реновира. Ние како федерација понудивме поддршка од дури 700.000 евра за изградба на трибините во Тетово. Сепак, на состанокот со претставник од нивната управа добив директен одговор дека помош не им е потребна. А јас не сум човек кој ќе моли некого за да прифати пари и поддршка“, дециден е Омерагиќ.

Прашањето за домашниот терен останува вистинска енигма пред стартот на Првата лига, а овој потег на раководството дополнително ги подгреа зовриените страсти. По една разочарувачка сезона без ниту еден освоен трофеј, Шкендија сега ќе мора сама да го решава инфраструктурниот лавиринт, без помошта од ФФМ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.