Вечерва и утре се игра последното 38. коло од регуларниот дел во Евролигата. Лидерот на табелата Олимпијакос без поголеми проблеми славеше победа против Милано пред своите навивачи со 85:76. Везенков беше најдобар во редовите на домашниот тим со 20 поени, а кај гостите од Милано, најпрецизен беше данскиот кошаркар Шилдс со 24 поени. Виртус Болоња беше поуспешна на гостувањето против Макаби со 89:85.
Фенербахче беше поуспешен на гостувањето кај Лион и славеше победа со 81:76. Домашниот играч Харисон беше најпрецизен на натпреварот со 25 поени, а Хортон-Такер со 21 поен, го водеше турскиот тим до победа.
Партизан на домашен терен со победа над Басконија со 91:79, ја заврши сезоната во Евролигата. Црно-белите останаа без шаниси за пласман во наредната фаза, исто како и Басконија, но пред полната Арена беа мотивирани да ја затворат сезоната во Евролигата со победа. Најпрецизен кај домашниот тим беше Џекири со 16 поени, а кај гостите најдобар на теренот беше Диаките со 20 поени.
Во последниот натпревар вечерва, Реал Мадрид ја прегази екипата на Црвена Звезда со 103:82, во Мадрид. Гостите во првата четвртина беа резултатски блиску, но потоа Реал се одлепи па се до крајот разликата само се зголемуваше. Хезоња со 19 поени и Кампацо со 16 поени, беа најпрецизни на теренот и го предводеа тимот од Мадрид до убедливата победа. Кај гостите од Белград, најпрецизен беше Нвора со 15 поени, а го следеше Монеке со 14 поени.

