Вечерва стартуваше Плеј-оф фазата во Евролигата, а лидерот на табелата од регуларниот дел Олимпиакос, славеше лесна победа против Монако со 21 разлика (91:70). Монако добро го започна натпреварот и ја доби првата четвртина со 20:19, но останатиот дел од натпреварот беше во знакот на домашната екипа од Атина. Олимпијакос константно ја зголемуваше предноста и на крајот, со убедлива победа поведе во серијата. Кај Олимпијакос најдобар беше Везенков со 20 поени, а кај поразената екипа Џејмс запиша 17 поени.
Фенербахче на домашен терен го совлада Жалгирис и поведе во серијата, а резултатот на крајот беше 89:78. По првата четвртина која беше изедначена и докаќинот ја доби со 22:20, но турскиот тим загира многу подобро во вотрата четвртина и на полувремето замина со големи 16 поени предност, кои беа клучни за на крајот Фенербахче да дојде до победата, иако Жалгирис се врати во наптреварот во третата четвртина, намалувајќи голем дел од предноста на домашната екипа. На крајот Фенербахче не дозволи да ја испушти предноста и стигна до победата. Тарик Биберовиќ со 26 поени го предводеше Фенербахче, а кај гостите Вилјамс-Гос постигна 24 поени.
Кошаркарите на Панатинаикос дојдоа до многу значајна победа на гостински терен против Валенсија, во еден тврд и неизвесен меч до самиот крај, со резултат 67:68. Грчкиот тим во неколку наврати имаше двоцифрена предност, но Валенсија секогаш наоѓаше начин да се врати во мечот. Кендрик Нан беше смирен на линијата за слободни фрлања и го реши мечот во последиот напад на својот тим. Тој беше и најдобар стрелец на натпреварот со 21 поен, додека Монтеро постигна 15 поени за Валенсија.

