Кошаркарите на Олимпијакос го совладаа Панатинаикос со 82:76 на домашен терен во првиот натпревар од финалната серија во грчкото првенство. Домаќините ја оправдаа фаворитската улога на овој натпревар. По освојувањето на Евролигата, тимот на Олимпијакос сега се наоѓа на чекор до нов вреден трофеј. Средбата понуди голема борба и изедначена кошарка, а резултатот по четвртини изнесуваше 21:17, 21:13, 20:28 и 20:18.
Сепак, најмногу внимание и дебати во јавноста предизвика односот на изведени слободни фрлања, за кој многумина сметаат дека беше нерамноправен. Гостите од Панатинаикос изведоа само пет слободни во текот на целиот натпревар и ги погодија сите пет. За разлика од нив, Олимпијакос имаше дури 24 слободни фрлања повеќе. Домаќините шутнаа вкупно 29 слободни, од кои успеаја да реализираат 25. Бидејќи ова големо финале се игра до три победи, нема сомнеж дека не очекува вистински кошаркарски пекол до крајот на серијата.
Најдобар поединец во победничкиот табор беше Еван Фурние кој го заврши мечот со 20 поени и пет асистенции.

