Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет

Олимпијакос го чека пекол во Охрид!

Грчкиот состав Олимпијакос гостува во Охрид на реванш натпревар против нашиот претставник ГРК Охрид. Популарните „гладијатори“, денеска, преку клубските канали објавија дека салата „Билјанини извори“ е распродадена.

Сино белите имаат позитива од 5 гола од гостувањето во Атина и се на чекор до пласман во полуфиналната фаза. Доколку успеат да ја сочуваат предноста, домаќините ќе имаат историска можност да се обидат да го повторат она што му успеа на тимот од Автокоманда, Алкалоид.

Натпреварот се игра утре (сабота) со почеток во 18:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести