Други спортови Тенис

Олимпијадата во Лос Анџелес последна цел за Новак Ѓоковиќ? (ФОТО)

Новак Ѓоковиќ веќе има јасна слика за тоа како би сакал да изгледа последното поглавје од неговата неверојатна тениска кариера. Српската легенда посакува последниот голем настап да го има на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.

„Учество на следните Олимписки игри во 2028 година и понатаму е мој сон, цел и желба. Неколкупати во последните години кажав дека би сакал да стигнам до Игрите во Лос Анџелес“, изјави Ѓоковиќ.

Иако верува дека може да ја оствари оваа амбиција, 24-кратниот гренд слем шампион признава дека многу ќе зависи од неговото физичко здравје и од тоа како телото ќе реагира во следниот период. Во последните години Ѓоковиќ значително го намали бројот на турнири на кои настапува. Причината е желбата да има повеќе време за семејството и за останатите животни улоги надвор од тенискиот терен.

„Тенисот и понатаму е центарот на мојот професионален живот, но сакам да најдам баланс. Затоа го променив распоредот. Сепак, се надевам дека ќе стигнам до Олимписките игри и така ќе ја завршам кариерата – со српското знаме на рамената“, порача Ѓоковиќ.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.