Меѓународен фудбал Фудбал

„Олд Трафорд“ се тресе: Паѓа ли првата жртва на хаосот, Јунајтед го отпушта Вилкокс?!

Вистински земјотрес ги тресе раководните структури на Манчестер Јунајтед. Според ексклузивните информации кои струјат низ англиските медиуми, Џејсон Вилкокс експресно добил отказ и повеќе не ја врши функцијата спортски директор на „Олд Трафорд“.

Веста за неговата смена оддекна како детонација, пред сè поради момент во кој се наоѓа клубот. „Црвените ѓаволи“ проживуваат кошмарен почеток на новата сезона со скромни пет бода во првите пет кола во Премиер лигата, надополнети со срамна елиминација од Лига купот од страна на Брајтон. Иако јавноста остреше стрели кон менаџерот Мајкл Керик, првиот оперативен цех го плаќа творецот на спортскиот сектор.

Вилкокс веќе подолго време се наоѓаше под сериозен притисок поради летното работење. На „Олд Трафорд“ беа потрошени огромни финансиски средства за засилување на средниот ред, но некои од најкритичните позиции во тимот останаа соодветно непокриени. Дополнителна иронија во целиот расплет е што токму Вилкокс во изминатите денови беше најгласниот заштитник на Керик пред бордот на директори, барајќи дополнително време за тренерот. Со неговото заминување, поддршката за Керик драстично се рони, а кризата на „Олд Трафорд“ добива уште подлабока и поопасна димензија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.