Оклахома Сити и во вториот натпревар пред својата публика славеше сигурна победа против Феникс Санс со 120:107, оправдувајќи ја уште еднаш фаворитската улога во овој двобој, а и за освојување на шампионскиот прстен. Шеј повторно беше лидер на домашните кошаркари и постигна 37 поени, додека кај Феникс најефикасен беше Брукс со 30 поени.
Детроит се врати на победите во серијата против Орландо откако во првиот натпревар беше изненаден и во вториот натпревар пред своите навивачи славеше победа со 98:83, па со израмнет скор во серијата ќе отпатува во Детроит. Во победничкиот тим најпрецизен беше Канингем со 27 поени, а кај гостите Сагс постигна 19 поени.

