Кошарка Меѓународна кошарка

Оклахома победи и поведе со 3-0 против Феникс!

Актуелниот шампион Оклахома Сити Тандер ја потврди својата доминација на Западот, откако на гостински терен славеше над Феникс Санс со 121-109. Со овој триумф, тимот на Мајк Дегнолт поведе со убедливи 3-0 во првата рунда од плеј-офот и се наоѓа на само една победа до пласман во полуфиналето на конференцијата.

Главната улога во Аризона ја имаше неверојатниот Шеј Гилџус-Александер, кој одигра историски натпревар. Минатогодишниот МВП на лигата ги постигна своите рекордни 42 поени во плеј-офот, шутирајќи речиси без грешка (15/18 од игра). Канаѓанецот својата монструозна партија ја надополни со 8 асистенции и 4 скока, покажувајќи зошто е лидер на овој тим. Солидна поддршка доби и од Еј-Џеј Мичел со 15 поени, Алекс Карусо додаде 13, додека центарот Чет Холмгрен забележа 10 поени и 7 скока.

Кај поразените Санс, најефикасен беше Дилон Брукс со 33 поени, а Џејлен Грин придонесе со 26 поени, но тоа не беше доволно да се запре расположениот шампион.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести