Оклахома Сити дојде и до четвртата победа, во исто толку натпревари, против Феникс на гостински терен, овој пат со 122:131 и по брза постапка дојде до полуфиналето. Оклахома ја докажа фаворитската улога во овој дуел и покажа дека оправдано се смета за прв фаворит за освојување на шампионскиот прстен. Шеи ги предводеше гостите до нова победа со 31 поен, додека кај Феникс најпрецизен беше Букер со 24 поени.
Во полуфиналето Оклахома го чека подобриот од дуелот помеѓу Лејксерс и Хјустон, во кој екипата од Лос Анџелес води со 3-1.
Кошаркарите на Орландо со нова победа против Детроит со 94:88, поведоа во серијата со 3-1 и се на чекор од елиминација на фаворитот. Не беа доволни 25-те поени на Канингем за првопласираната екипа на Истокот, која е на само пораз од испаѓање, но ќе има шанса да се врати во игра, затоа што серијата во следните два натпревари се сели во Детроит.
Кај домашната екипа најпрецизни беа Бејн со 22 поени и Франц Вагнер со 19 поени.

