Меѓународен фудбал Фудбал

Оклахома ја отвори сезоната на домашен терен со победа над Денвер (ВИДЕО)

Оклахома Сити Тандер ја забележа втората победа во новата НБА-сезона, откако на домашен терен го совлада Денвер Нагетс со 96:84. Актуелниот шампион до триумфот стигна благодарение на цврстата одбрана и подобрата игра во второто полувреме, во кое успеа да ја преземе контролата над натпреварот. Џејлен Вилијамс со 21 поен беше најефикасен кај победничкиот тим, додека Чет Холмгрен запиша 12 поени и 17 скока. Шеј Гилџес-Александер го заврши мечот со 17 поени, со што заврши неговата неверојатна серија од 141 последователен натпревар со најмалку 20 поени.

Кај Денвер, Арон Гордон беше најдобар стрелец со 20 поени, додека Никола Јокиќ постигна 13 поени, седум скока и пет асистенции. Српскиот центар имаше тежок шутерски натпревар, погодувајќи само пет од 19 обиди од поле. Оклахома ја искористи слабата реализација на гостите и нивните загубени топки во вториот дел за да ја зголеми предноста и мирно да го приведе натпреварот до крај. За Денвер ова беше прв натпревар во новата сезона, а можност за поправен ќе има во следниот дуел против Њу Орлеанс.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.