Кошаркарите на Оклахома славеа над Сан Антонио Спарс со убедливи 127:114. Со овој триумф актуелниот шампион поведе со 3:2 во возбудливата плејоф серија.
Шеј Гилџис-Александер повторно одигра маестрално и ги предводеше победниците со 32 поени. Огромен придонес од клупата имаше и Алек Карузо, кој додаде уште 22 поени.
Кај гостите најрасположен за игра беше Стефон Касл со 24 постигнати поени. Од друга страна, Оклахома целосно го неутрализираше најдобриот дефанзивец во лигата, Виктор Вембањама. Французинот уфрли 20 поени, но имаше очаен шут од игра со само четири погодоци од петнаесет обиди.
Клучниот чекор кон победата домаќините го направија на почетокот на второто полувреме. Тандер тогаш погодија серија шутеви и заминаа на највисоки 18 поени разлика. Спарс во финишот успеаја да намалат на едноцифрена негатива. Сепак, Оклахома брзо одговори со брзи тројки и не дозволи никакво изненадување.
Следниот натпревар се игра во Тексас. Сан Антонио мора да победи за да избори решавачка мајсторка во оваа серија.

