Кошарка Меѓународна кошарка

Оклахома го доби првиот меч со Лејкерс, победа и за Детроит

Оклахома Сити Тандер ја отвори полуфиналната серија на Западот со убедлива победа над Лос Анџелес Лејкерс од 108:90. Иако гостите подобро започнаа со предност од 7:0 на крилјата на Леброн Џејмс, домаќините брзо ја вратија рамнотежата и со клучна серија на крајот од првиот период целосно го презедоа водството. Младиот Чет Холмгрен беше прво име на натпреварот со „дабл-дабл“ учинок од 24 поени и 12 скока, додека Шеј Гилџус-Александар и Аџаји Мичел постигнаа по 18 поени. Кај Лејкерси најефикасен беше Леброн Џејмс со 27 поени, но тоа не беше доволно да се спречи шестиот последователен пораз од Тандер во нивните меѓусебни дуели.

Кошаркарите на Детроит Пистонс поведоа со 1-0 во серијата против Кливленд Кавалирс, славејќи во воведниот натпревар со 111:101. Детроит покажа стабилност и доминација во поголемиот дел од мечот, но мораше да реагира во последната четвртина кога гостите успеаја да стигнат до резултатски „егал“. Сепак, домашниот тим најде начин повторно да се одлепи во клучните моменти и мирно да го приведе натпреварот до крај. Кјед Канингем со 23 поени беше најефикасен во таборот на победниците, а исто толку поени за Кливленд постигна и Донован Мичел.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести